Е-здравство на едноставен и безбеден начин

Портал за електронски услуги за пациентите

Што е моЕ-здравје?

моЕ-здравје е специјализиран портал чија цел е да овозможи на пациентите брз и ефикасен електронски пристап до своите медицински податоци како и разни услуги од своите лекари. Порталот е интегрален дел од Cx Health, платформа за интеграција и размена на податоци помеѓу субјектите во здравствениот систем, преку која се овозможува флексибилен пристап со високо ниво на безбедност до медицинските податоци како на пациентите така и на медицинските работници.
моЕ-здравје на пациентите им овозможува брз и безбеден пристап до своите функционалности со кои се минимизира потребата за посети на медицинските установи заради подигање на резултат или препишани рецепти:
  • пристап до резултатите и наодите од медицинските испитувања кои се изработени во установи што се членки на овој портал
  • барања до матичните лекари за издавања на хронична терапија.
Овие функционалности се достапни за пациентите во било кое време и на било кое место каде што е достапна интернет конекција.

Како да станам корисник на моЕ-здравје?

Користењето на порталот моЕ-здравје е возможно доколку сте регистриран корисник на порталот и имате имате интернет конекција. Постапката за регистрација е следната:
  • Кај својот матичен лекар или во една од установите кои се партнери на порталот, да се пријавите дека сакате да станете корисник на порталот моЕ-здравје.
  • По регистрацијата на пријавата, на Вашата емаил адреса ќе Ви пристигне порака со линк за активација на профилот. При активацијата на профилот ќе треба да ја внесете лозинката за Вашето корисничко име.
Од моментот на регистрација па понатаму, сите функционалности на профилот како пристап до Ваши резултати од испитувања кои се извршени во установите – партнери на порталот, можност за креирање на барања за хронична терапија до матичните пациенти кои се корисници на софтверот Prima MEDICA ќе Ви бидат достапни за користење.

За кого е наменет?

моЕ-здравје е наменет за две категории на корисници   • Пациенти, кои преку порталот имаат можност да пристапат до своите резултати од медицинските испитувања, во било кое време и од било кое место
  • Лекари, кои имаат можност електронски да ги добиваат барањата од пациентите за издавање на терапија, или нарачале медицинските испитувања за пациентите, па резултатите од истите може да ги добијат директно во своите софтверски апликации (доколку лекарите користат Prima MEDICA интеграцијата со порталот моЕ-здравје е по дефиниција овозможена, за други софтверски решенија постои можност за интеграција)